Одбележан денот на рибарите

На 20 јануари се  слави втор ден Водици или Соборот на Свети Јован Крстител, а во Охрид овој ден е познат и како Денот на рибарите. По тој повод на Сараиште беше подготвена традиционалната рибна чорба. Манифестацијата Денот на рибарите привлече голем број посетители на Сараиште.

 

За подготовката се погрижија  стручни професори и ученици од Државното угостителско туристичко училиште „ Ванчо Питошески“.  Со помош на Локалната самоуправа беа обезбедени 400 кг риба и други потребни продукти.