Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“- Охрид со нови искуства од работниот ангажман во Барселона

Во рамки на Еразмус плус програмата, ученици од ОУТУ „Ванчо Питошески“ заедно со пет професори, речиси три недели престојуваа во Барселона, каде беа работно ангажирани на разни позиции во хотел, како рецепционери, готвачи и  келнери.

Нивните работни ангажмани беа поврзани со прием, сместување, испраќање гости и други услуги на рецепција, подготвување разни видови храна и пијалоци, работа на шанк, послужување на храна и пијалоци, подготвување сали за конференции, семинари и сл. Сето тоа им овозможи на учениците да ги покажат и развијат стекнатите знаења и вештини, професионално да се надградуваат, тимски да работат, им даде нови идеи и инспирации, што претставува едно големо и позитивно искуство. Покрај стекнувањето нови практични знаења и вештини, учениците имаа можност да се дружат, да запознаат нови предели и култури.

За време на нивниот престој, учениците со пригодни активности презентираа дел од убавините на Македонија и Охрид, и работењето на училиштето, при што имаа можност да презентираат дел од македонската храна. По завршувањето на работната посета во Шпанија, за овој проект на учениците им беа доделени меѓународно признати сертификати.