УСПЕШЕН НАСТАП НА МЛАДИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОУТУ „ВАНЧО ПИТОШЕСКИ“ НА „ОБРАЗОВНО РАНДЕВУ 2018“

Младинската организација при ОУТУ „Ванчо Питошески“ постигна забележителни резултати на манифестацијата „Образовно рандеву 2018“ во организација на МАССУМ што се одржа на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Вкупно 30 ученици во 9 различни категории под менторство на своите професори и координаторот-ментор на МАССУМ проф. Перчо Божиновски ги покажаа своите знаења, умеења и вештини.

На натпреварите учениците постигнаа високи резултати заземајќи различни места и пласирајќи се од 1 до 24 место во конкуренција на 43 средни училишта, во одделните категории: штанд, драмска претстава, модна креација и ревија, поетска творба, видео-реклама, фотографија, серва, баскет и пинг-понг.

Учениците во спортските категории беа неприкосновени и како врвни спортисти освоија две први места во категориите серва (Бојан Цветкоски, Александра Рубановска и Младен Котевски) и баскет (Јован Вретоски, Љупчо Танкоски и Ангела Симоновиќ) под менторство на проф. Љубен Мешкоски. Учениците (Ангел Карбески, Кристијан Китанов, Дајана Сиљаноска, Елеонора Дукова, Бојан Цветкоски, Анастасија Чутрова и Стефан Нацевиќ и Милан Михов) во категоријата штанд го освоија третото место презентирајќи го својот талент, образовните профили, наставата, наградите и успесите во најдобро светло под менторство на проф. Перчо Божиновски. Во останатите категории учениците ги освоија: Дајана Сиљаноска – четврто место со поетска творба, Анастасија Чутрова – шесто и Дајана Сиљаноска – деветто место во категоријата најдобра фотографија, 10 место со видео-реклама, Бојан Цветкоски, Николина Блажеска, Кадиме Ала, Сара Џелили и Сабина Џелили – 11 место во модна креација и ревија.