Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ повторно меѓу најдобрите

Учениците од ОУТУ ,,Ванчо Питошески” постигнаа високи резултати на петтиот државен натпревар „Лидер на струка 2018” што се одржа во Штип, во организација на Министерството за образование и наука и Центарот за средно стручно образование.

На овој натпревар учествуваа 30 ученици од завршните класови од угостителско-туристичката струка од 7 училишта.

Натпреварувачкиот дел се состоеше од писмен тест и практична задача соодветна за образовниот профил од угостителско-туристичката струка, каде учениците ги покажаа стекнатите знаења и вештини.

Учениците од ОУТУ ,,Ванчо Питошески” на овој натпревар постигнаа завидни резултати.

Дарко Ристески – готвач I место- Лидер на струка (под менторство на професор Војо Ангелоски)

Ертан Мехмедоски – келнер III место (под менторство на професор Зоран Нанески)

Христијан Талески – угостителски техничар II место (под менторство на професор Блаже Јорданоски)

Станка Бежоска – хотелско-туристички техничар III место (под менторство на професорката Јелиз Караман Бешир)

Упатуваме честитки до учениците и менторите со желби за понатамошни професионални успеси.