РЕНОВИРАН УЧЕНИЧКИОТ ДОМ ВО СКЛОП НА ОУТУ „ВАНЧО ПИТОШЕСКИ“

Во ученичкиот дом кој работи во склоп на „ОУТУ „Ванчо Питошески“ , беа реализирани низа активности за реновирање и доопремување. Со зафатите беа опфатени промена на вратите од собите, заменети се старите плакари и поставени нови, набавени се 120 нови кревети и душеци, додека  ресторанот се опремен со нови ресторански маси и столчиња.

Средствата за реновирањето на ученичкиот дом беа издвоени од буџетот на Министерството за образование и наука.