ИНТЕРЕН ОГЛАС за запишување ученци во I година во РЦСОО„Ванчо Питошески“-Охрид во учебната 2021/2022 година

1. БРОЈ НА УЧЕНИЦИ

📢Во прва година ќе се запишат 𝟮𝟱𝟰 ученици во 𝟴 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за:

✅ Угостителско-туристичка струка – 𝟭𝟴𝟲 ученици, 𝟲 паралелки

➡ хотелско-туристички техничар ( мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45минимум поени)

➡ угостителски техничар за рурален туризам (мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45минимум поени)

➡ угостителски техничар (мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45минимум поени)

➡ техничар за настани и анимации (мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45минимум поени)

➡ келнер (мак 25 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30минимум поени)

➡готвач/слаткар (мак 25 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30минимум поени)

✅ Хемиско-технолошка струка – 𝟲𝟴 ученици, 𝟮 паралелки

➡ пекар (мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени)

➡ месар (мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени)

2. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ

👉Условите за запишување на учениците во прва година се: – да имаат завршено основно образование; – да не се постари од 17 години; – да се определиле за план и програма за стручно образование и обука; – да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Оглас. 👉Критериуми за избор на учениците се: − среден успех на ученикот од VI до IX одделение; − среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката); − дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје; − средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение.

3. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

👉При пријавувањето, учениците ги поднесат следните документи: – пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница); – оригинални свидетелства од VI до IX одделение; – дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката, насоката, односно изборното подрачје; – извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

4. КОНКУРСНИ РОКОВИ

👉Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни.

Comments are closed.