Меѓународна конференција во Белград за ученички и студентски домови

Меѓународна конференција во Белград за ученички и студентски домовиЗдружување на ученичките и студентските домови во Југоисточна Европа. За оваа потреба се разговараше на првата Меѓународна конференција која се одржа во Белград-Србија.

Овие домови претставени од нивните директори или претставници на институциите, преку ваквото здружување би разменувале искуства со цел да се согледаат сите проблеми во работењето, да се донесат заеднички предлози за решавање на истите и на надлежните институции да им ги достават своите сугестии и совети, кои би помогнале во решавањето и подобрување на евентуални непосакувани појави како и подобро функционирање.

Здружувањето ќе функционира како интеррегионална организација чии членови ќе бидат воспитно образовните установи. Воспостувувањето соработка помеѓу нив треба да го подигне нивото на едукации и развој на компетенциите на вработените лица, засновани на современата теорија и пракса на воспитно образовниот процес.

На првиот ден на оваа Меѓународна конференција свое претставување за меѓусебно запознавање направија ученичките, студентските домови и другите воспитно образовни институции од Србија, Македонија, Унгарија, Црна Гора, Република Српска и Босна и Херцеговина.

Учесници на оваа конференција се и претставници на ресорните министерства од сите земји учеснички.Од Македонија учествува ученички домови,студентски и други воспитно образовни институции од Скопје, Битола, Охрид, Штип, Прилеп, Струмица и Гостивар.

Претставување на ученичкиот дом кој се наоѓа во состав на регионалниот центар Ванчо Питошески, имаше директорот Марјан Радески каде во целост го презентираше ученичкиот дом.

Домаќин на оваа конференција беше ученичкиот дом за средношколци „Милутин Миланковиќ“ од Белград, а официјално конференцијата се одржа од 10-12 Јануари во собранието на Србија.

Comments are closed.