🇲🇰🇫🇷 На ден 23-ти и 24-ти Јануари професорката Кристел Леруа и шеф Фредерик Рус- претставници од колеџот Жеси де Форест од Абен сур Хелп- Република Франција, беа во посета на Охрид со што реализираа еразмус+ мобилност за продлабочување на односите со Факултетот за туризам и РЦСОО„Ванчо Питошески“-Охрид.

На 23 Јануари (понеделник) беше остварена средба со директорот на РЦСОО„Ванчо Питошески“- Марјан Радески и управата на училиштето, на која се разговараше за реализација на идни проекти и нови мобилности на професорски кадар, ученици и студенти во Франција.

На 24 Јануари (вторник) во кабинетот по Готварство во РЦСОО„Ванчо Питошески“, од страна на шеф Фредерик Рус се реализира демонстација на подготовка на топло тесто (pâte à choux) и слаткарски крем (crème pâtissière) како и нивна термална реализација и спојување во форма на еклери и профитероли.

👩‍🍳👨‍🍳Во процесот на изработка на овие француски десерти учествуваа ученици од образовни профили кувар, угостителски техничар и угостителски техничар за рурален туризам како и студенти од ФТУ.

Comments are closed.