УПИСИ ВО ПРВА ГОДИНА – 2017/2018

ИНТЕРЕН ОГЛАС

Во прва година во учебната 2017/2018 учениците ќе се запишат во 9 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за

Угостителско-туристичка струка – 7 паралелки:

  • хотелско-туристички техничар, 1 паралелкa, 45 минимум поени
  • угостителски техничар за рурален туризам, 1 паралелка, 45 минимум поени
  • угостителски техничар, 1 паралелкa, 45 минимум поени
  • келнер, 1 паралелка, 30 минимум поени
  • готвач, 1 паралелка, 30 минимум поени
  • слаткар, 1 паралелка, 30 минимум поени
  • собар/ка, 1 паралелка, 30 минимум поени

Хемиско-технолошка струка – 2 паралелки

  • пекар, 1 паралелка, 30 минимум поени
  • месар, 1 паралелка, 30 минимум поени

Спортска гимназија во Спортската Академија – истурена паралелка:

  • спортска паралелка за фудбал

П Р Е Г Л Е Д
на наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите
за рангирање на успехот на учениците

мајчин и странски јазик – биологија, географија

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:

  • пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштетово кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна)
  • оригинални свидетелства од VI до IX одделение
  • извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето)

КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениците е во два уписни рока:

  • Прво пријавување во јунскиот уписен рок е на 28 и 29 јуни 2017 година, а резултатите ќе се објават на 30 јуни 2017 година.
  • Второто пријавување од јунскиот уписен рок е на 5 јули 2017 година, а резултатите ќе се објават на 6 јули 2017 година.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок е на 24 август 2017 година, а резултатите ќе се објават на 25 август 2017 година.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Критериуми за избор на учениците се:

  • среден успех на ученикот од VI до IX одделение
  • среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазици и два предмета што се од значење за струката)
  • дипломи од освоени (I, II и III) места од меѓународни и републички натпревари од(мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје)
  • средна вредност од поени добиени за поведение

За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени.

(општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).
За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети

(два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката),

ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).
За освоено место од меѓународни и републички натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени.

(За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од републички натпревари:

3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место).

На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.
За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени.

(Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени.

Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).
Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 80 поени.