ДЕНЕС

РЦСОО „ВАНЧО ПИТОШЕСКИ” – ЦЕНТАР ЗА ПРИМЕР!

21 век е време на брзи и големи промени во секој домен на животот, па така и образованието не е исклучок.

Училиштето е секогаш подготвено за промени.

Понекогаш промените ги доживувавме како закана, иако тие можат да отворат нови можности за нас, а најмногу за нашите ученици.

Покрај економските, политичките и социјалните промени, промени настануваат и во нашиот образовен систем.

Училиштето ги практикува тие промените во следните три главни сегменти:

  • Промени во наставата и учењето: Ученикот е во центарот на вниманието;
  • Промени во технологијата: Компјутеризација и примена на ИКТ;
  • Промени во училницата: Раководење и организација на училницата.

Затоа главна цел и задача е образование на кадри од областа на угостителството и туризмот за потребите на стопанството во потесна и поширока регионална смисла, во согласност со современите текови во образованието и пазарната економија и реформите во средното стручно образование.

Нашето училиште е безбедна и дисциплинирана средина во која учениците доаѓаат со задоволство,

наставата е современа, ефикасна, квалитетна

и прилагодена на потребите на учениците, наставниците, локалната средина и државата.

Во Училиштето се реализираат наставни планови и програми за образование на ученици во:

образовни профили од угостителско-туристичката струка, хемиско-технолошка струка и спортска академија.

Угостителско-туристичка струка:

– четиригодишно образование

  • хотелско-туристички техничар
  • угостителски техничар
  • угостителски техничар за рурален туризам

– тригодишно образование

  • келнер
  • готвач
  • слаткар

– двегодишно образование

  • собар/ка

Хемиско-технолошка струка:

– тригодишно образование

  • пекар
  • месар

Спортска академија

– четиригодишно образование

  • спортска паралелка за фудбал

Comments are closed.