МИСИЈА И ВИЗИЈА

Кое е нашето училиште, што нуди и што прави?

  • Образование на кадри од областа на угостителството и туризмот за потребите на стопанството во потесна и поширока регионална смисла, во согласност со современите текови во образованието и пазарната економија и реформите во средното стручно образование.

Каде сакаме да стигнеме?

  • Сакаме нашето училиште да биде безбедна и дисциплинирана средина во која учениците ќе доаѓаат со задоволство, затоа што во него наставата ќе биде современа, ефикасна, квалитетна и прилагодена на потребите на учениците, наставниците, локалната средина и државата и во која учениците ќе се научат на интеракција која им е неопходна за компетентно живеење во мултиетничко општество.