ДСУ РЦСОО „Ванчо Питошески“
се наоѓа во најубавиот дел од градот, покрај самиот брег на Охридското Езеро.
Наставата се изведува во современо опремени кабинети, современи училници опремени со комјутери и интернет за секое дете, пренесена преку современи наставни методи и средства од стручен наставен кадар кој претставува успешен спој на младост и искуство.
Покрај теоретската настава се изведува образовно-работна практика која опфаќа:
- практична настава во училишни кабинети, феријална и професионална практика во угостителско-туристичките објекти.
Во склоп на училиштето се наоѓа ученичкиот дом и ресторан со сопствена кујна каде што сместувањето и исхраната за учениците во домот е бесплатно.
Учеството на учениците на меѓународни натпреаври е наш приоритет од каде што секогаш се враќаат освојувајќи едно од првите три места.
Нашите остварувања се достојни за почит, тие се наша гордост, обврска и поттик за нови успеси.
Училиштето е дел од Erasmus проектот, преку кој има размена на ученици со што ќе бидат во посета неколку месеци во Словенија, Турција, Шпанија и Белгија.
Покрај тоа одобрени се посебни стипендии за учениците од угостителско-туристичката струка, со тоа што секој ученик кој ги исполнува условите за добивање стипендија ќе биде корисник на парични средства во текот на целата година.
Нашата диполома е единствено меѓународно призната и верифицирана во земјите од Европската унија, САД, Канада и Австралија.
Според официјалните бројки од Агенцијата за вработување, кадрите кои најмногу недостасуваат на пазарот на трудот, се токму тие кои се создаваат во нашето училиште: келнери, готвачи, рецепционери,туристички агенти, туристички водичи, бармени, баристи и др.
Каков кадар ќе имаме во угостителството зависи понатаму каков туризам ќе имаме и како ќе го развиваме.
Угостителскот персонал е лицето на угостителскиот објект, на туристичкото место и на државата во целост.
Ако имаме стручен, образован, спремен и секако најважното насмевнат персонал ќе имаме среќни и задоволни гости.
Вистински центар за пример.
Придружи се каде што се образуваат квалификувани стручни кадри од областа на угостителството и туризмот како приоритетна стопанска гранка во развојот и афирмацијата како на Охрид така и на државата, каде што теоријата се преточува во практика, се негува толеранција и другарство, натпреварувачки дух и учество на многу државни и меѓународни натпревари, резултатите се видни и се остваруваат и најважното можност за вработување и отворање сопствен бизнис.
Правилниот избор е единствениот пат кон успехот.
Вашето образование е ваша иднина.
Добредојдени сте, да станете дел од нашиот тим!