Воннаставните активности претставуваат интегрално и мошне значајно подрачје во севкупната воспитно-образовна дејност на училиштето.
Училиштето планира и ќе реализира разновидни воннаставни активности што ги одразува потребите и интересите на учениците и служат за поддршка на нивниот личен и социјален развој, како што се на пр.:
- слободни ученички активности;
- ученички натпревари;
- ученички екскурзии;
- отворени денови на училиштето;
- училишна заедница; и
- oпштествено-корисна и хуманитарна работа.
При реализацијата на воннаставни активности училиштето ќе обезбеди услови и ќе настојува:
- Вклучување на поголемиот број ученици барем во една воннаставна активност за поддршка на личниот и социјалниот развој, без оглед на нивниот пол, етничката припадност и социјалното потекло;
- Вклучување на учениците со посебни образовни потреби и ученици од семејства со низок социо-економски статус во воннаставните активности;
- Учениците да се вклучуваат во воннаставните активности по сопствен избор; и
- Учениците да имаат клучна улога во изготвувањето на програмите за работа на воннаставните активности.
Слободни ученички активности
Низ секциите се создаваат претпоставки за индивидуализација на воспитно-образовниот процес, за задоволување и негување на индивидуалните интереси и способностите на учениците. Преку секциите се постигнуваат значајни воспитно-образовни резултати.
Задачите на секциите се:
- Да се поттикнува и негува детската љубопитност, сознајните способности и креативноста на учениците;
- Учениците да се воведуваат во задачи, кои бараат поголема самостојност во нивното извршување;
- Да се негува доследност и истрајност во извршувањето на ученичките обврски; и
- Да се создаваат навики кај учениците за правилно и рационално користење на слободното време.
Секциите ќе се реализираат во слободното време на учениците и врз основа на соодветни програми.
Во рамките на ова воспитно-образовно подрачје во училиштето во оваа учебна година ќе работат разни секции, како на пр.. следните:
Табеларен преглед на секции во училиштето
Рб | Ученичка секција | Одговорен наставник |
1. | Млади хотелиери | Јелиз Караман Бешир |
2. | Млади готвачи | Милена Илиевска |
3. | Млади келнери | Зоран Наневски |
4. | Литературна секција | Радивое Раткушиноски |
5. | Јазична секција | Мире Петреска, Анита Богданоска, Маринела Радеска |
6. | Еколошка секција | Костадинка Томаноска |
7. | Информатичка секција | Сања Митаноска |
8. | Млади спортисти | Петар Серафимоски |
Млади нутриционисти | Марија Ристеска |
Екскурзии
Ученичките екскурзии се таков облик на воспитно-образовна работа преку кој учениците:
-се запознаваат со предметите и појавите во нивната природна средина и во нивните животни услови;
-ги прошируваат своите знаења, добиваат сознанија за одделни подрачја од животот и работата на луѓето;
-се запознаваат со природните убавини и со културно-историските знаменитости на поблиската и пошироката заедница;
Преку екскурзиите меѓу другото се формира позитивен однос кон природата и човековата околина, се зацврстува здравјето на учениците, што придонесува за нивниот правилен раст и развој, а се даваат широки можности и за социјализација на младата личност и за развивање позитивен однос кон трудот воопшто.
Во текот на оваа учебна година согласно Календарот за работа училиштето ќе организира:
- две еднодневни ескурзии, есенска и пролетна, комбинирани со елементи на наставните и на екскурзиите со општ образовен карактер, на некои места во околината, кои имаат пошироко воспитно-образовно значење;
- една повеќедневна ескурзија со општ воспитно-образовен карактер; Повеќедневната ескурзија ќе се реализира со ученици од втора и трета година (од незавршните години) согласно Правилникот, доколку постои интерес од учениците и нивните родители за организирање на истата и ќе се изведе на подолга релација, во траење од неколку дена.
Натпревари
Поаѓајќи од постигнатите резултати и вербата во потенцијалите на нашите ученици, се планира нашите ученици да земат активно учество, како и досега, на престојните гастро натпревари (во организација на АEHT, BAHA, во Република Словенија, Република Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република Турција, Република Бугарија…..), спортски и др. натпревари, што ќе се организираат на локално, национално и интернационално ниво.
Отворени денови на училиштето
Во периодот април-мај 2022 година ќе се одржат отворени денови на училиштето, кога ќе се изврши презентација на училиштето пред учениците од основните училишта од градот и регионот. Во реализацијата на отворените денови на училиштето активно учество ќе земат поголем дел од наставниот кадар и учениците од сите години и профили, при што ќе ги презентираат стекнатите знаења и вештини од областа на готварското и слаткарското работење, барменството и фламбирањето јадења, пречекувањето гости, изработка на POWER POINT презентација, флаери, плакати и др..
Во истиот период ќе се изврши презентација на училиштето пред учениците од основните училишта во градот и пошироко во регионот: Струга, Ресен, Кичево, Дебар, Битола и др.. Во реализацијата на презентацијата активно учество ќе земат поголем дел од наставниот кадар и учениците од сите години и профили.