Основна функција на слободните часови е учениците да се подготват за самостојна и индивидуална работа,
да се оспособат за користење разни извори за учење, за проучување и истражување на некои проблеми во определено подрачје,
како и за изработка на проектни задачи предвидени со усвоениот концепт за спроведување на државната матура.
Часовите за овие активности немаат третман како задолжителните предмети од редовната настава,
не се поставуваат како дел од редовниот распоред во училиштето, но се планираат во блок од повеќе часови,
наменети за консултации со учениците и во договор со самите ученици.
Наставникот-реализатор на проектните активности има улога на ментор што ги води учениците во процесот на нивна реализација.
Секој ученик на крај изработува семинарски труд-проект,
во којшто ќе даде опис на проблемот што го истражувал и некои сознанија стекнати од истражувањето.
Р.бр. | Наставен предмет |
1. | Урбана култура |
2. | Одржлив развој на турзимот |
3. | Културно наследство во рацете на младите |