Улогата на регионалниот центар за стручно образование и обука во подобрување на системот за стручно образование и обука во Вардарскиот регион

На 21 Декември 2023 година во Хотел „Гардениа“- Велес, се одржа Регионална конференција насловена како „Улогата на регионалниот центар за стручно образование и обука во подобрување на системот за стручно образование и обука во Вардарскиот регион“
Поздравно обраќање имаше Билјана Казанџиска, Државен секретар во Министерството за образование и наука
Поздравно обраќање со преглед на функциите на регионалните центри за стручно образование и обука имаше Људмил Ковачев- тим лидер на проектот
Презентација на профилот на Регионалниот Центар за СОО за Вардарскиот регион- училиште за СОО „Коле Неделковски“,Велес имаше директорката на Регионалниот Центар за СОО за Вардарскиот Регион- Весна Стојанова Богоевска
На конференцијата, директорот на Регионалниот Центар за СОО за Југозападен регион- „Ванчо Питошески“,Охрид – Марјан Радески презентираше на тема „Главни предизвици во спроведувањето на задачите и обврските на регионалниот центар за СОО“












