ДЕНЕС
РЦСОО „ВАНЧО ПИТОШЕСКИ” – ЦЕНТАР ЗА ПРИМЕР!
21 век е време на брзи и големи промени во секој домен на животот, па така и образованието не е исклучок.
Училиштето е секогаш подготвено за промени.
Понекогаш промените ги доживувавме како закана, иако тие можат да отворат нови можности за нас, а најмногу за нашите ученици.
Покрај економските, политичките и социјалните промени, промени настануваат и во нашиот образовен систем.
Училиштето ги практикува тие промените во следните три главни сегменти:
- Промени во наставата и учењето: Ученикот е во центарот на вниманието;
- Промени во технологијата: Компјутеризација и примена на ИКТ;
- Промени во училницата: Раководење и организација на училницата.
Затоа главна цел и задача е образование на кадри од областа на угостителството и туризмот за потребите на стопанството во потесна и поширока регионална смисла, во согласност со современите текови во образованието и пазарната економија и реформите во средното стручно образование.
Нашето училиште е безбедна и дисциплинирана средина во која учениците доаѓаат со задоволство,
наставата е современа, ефикасна, квалитетна
и прилагодена на потребите на учениците, наставниците, локалната средина и државата.
Во Училиштето се реализираат наставни планови и програми за образование на ученици од секторот угостителство и туризам во следните квалификации:
Угостителство и туризам:
– четиригодишно образование
- хотелско-туристички техничар
- угостителски техничар
- угостителски техничар за рурален туризам
- хотелско- ресторански техничар
– тригодишно образование
- келнер
- готвач