УЧИЛИШЕН ОДБОР

Во училиштето орган на управување е Училишниот одбор.

По својата структура училишниот одбор е колегијален орган и е составен од 12 (дванаесет членови), од кои 4 претставници од наставниот кадар, 3 претставници од Советот на родители, 3 претставници од основачот, 1 претставник од МОН и 1 од деловната заедница.

Училишниот одбор е конституиран согласно законската регулатива и Статутот на училиштето.

Надлежностите за управување се јасно дефинирани со Деловник за работа.

Во неговиот состав се вклучени: претставници на внатрешната заедница на училиштето (професионален образовен кадар), родители и претставници од локалните и од националните нивоа на власт.

Информациите кои ги обезбедува за својата работа треба да бидат транспарентни за вработените и другите субјекти вклучени во воспитно-образовниот процес.

Покрај задачите определени со закон, во работата на Училишниот одбор посебно се опфатени следните области:

  • визија за училиштето и развоен план;
  • избор на клучен персонал;
  • финансиски надзор;
  • унапредување и следење на квалитетот на образовниот процес и оценувањето;
  • подобрување на условите за работа и благосостојбата на учениците;
  • подобрување на внатрешните односи и односите со централната и локалната власт.