УЧЕНИЧКА ЗАЕДНИЦА

Заедницата на учениците претставува значаен сегмент во организацијата на животот и работата во училиштето.

Преку оваа заедница учениците имаат можност да учествуваат во креирањето на позитивна клима за развој и негување на другарски односи и соработка, како и можност да придонесуваат за нивниот правилен развој и целокупното работење на училиштето.

Организационата поставеност почнува од заедницата на учениците во паралелката, па до училишната заедница. Во секоја паралелка од прва до четврта година, во почетокот на септември, се избира класна заедница составена од три члена: претседател, секретар и благајник. Оваа заедница се избира според желбата на класот, а членовите се избираат по пат на гласање. Нејзината работа ја помагаат раководителите на паралелката и одговорните наставници.

Задачи на заедниците на учениците се да придонесат за:

  • поголемо ангажирање на учениците во училишниот живот;
  • подобрување на нивниот успех, поведение и редовност во наставата;
  • создавање подобра работна клима;
  • развивање на другарството и моралното однесување;
  • одржување на редот и дисциплината;
  • организирање помош на ученици кои заостануваат во учењето;
  • организирање на материјална помош на ученици;
  • да стекнат увид во работата на возрасните и да научат да сносат одговорност за она што го работат.

За вршење на одделени задачи, раководството на заедницата по потреба ќе задолжува свои претставници, како на пр. претставник што ќе учествува во работата на Советот на паралелката, Наставничкиот совет, за соработка со Советот на родителите, младите од локалната средина и сл..

Работата на училишната заедница и заедниците на паралелките ја помагаат, насочуваат, координираат и ја следат наставниците.