ВОННАСТАВНИ АКТИВНОСТИ

Воннаставните активности претставуваат интегрално и мошне значајно подрачје во севкупната воспитно-образовна дејност на центарот.

Училиштето планира и ќе реализира разновидни воннаставни активности што ги одразува потребите и интересите на учениците и служат за поддршка на нивниот личен и социјален развој, како што се на пр.:

  • ученички секции;
  • натпревари;
  • екскурзии;
  • отворени денови на центарот;
  • ученичка заедница; и
  • oпштествено-корисна и хуманитарна работа.

При реализацијата на воннаставни активности училиштето ќе обезбеди услови и ќе настојува:

  • Вклучување на поголемиот број ученици барем во една воннаставна активност за поддршка на личниот и социјалниот развој, без оглед на нивниот пол, етничката припадност и социјалното потекло;
  • Вклучување на учениците со посебни образовни потреби и ученици од семејства со низок социо-економски статус во воннаставните активности;
  • Учениците да се вклучуваат во воннаставните активности по сопствен избор; и
  • Учениците да имаат клучна улога во изготвувањето на програмите за работа на воннаставните активности.

Ученички секции

Низ секциите се создаваат претпоставки за индивидуализација на воспитно-образовниот процес, за задоволување и негување на индивидуалните интереси и способностите на учениците. Преку секциите се постигнуваат значајни воспитно-образовни резултати.

Задачите на секциите се:

  • Да се поттикнува и негува детската љубопитност, сознајните способности и креативноста на учениците;
  • Учениците да се воведуваат во задачи, кои бараат поголема самостојност во нивното извршување;
  • Да се негува доследност и истрајност во извршувањето на ученичките обврски; и
  • Да се создаваат навики кај учениците за правилно и рационално користење на слободното време.

Секциите ќе се реализираат во слободното време на учениците и врз основа на соодветни програми.

Во рамките на ова воспитно-образовно подрачје во училиштето во оваа учебна година ќе работат разни секции, како на пр.. следните:

Табеларен преглед на секции во училиштето

РбУченичка секцијаОдговорен наставник
1.Млади хотелиериЈелиз Караман Бешир
2.Млади готвачиВојо Ангелоски
3.Млади келнериМилена Илијевска
4.Литературна секцијаРадивое Раткушиноски
5.Еколошка секцијаКостадинка Томаноска
6.Информатичка секцијаСања Митаноска
7.Млади спортистиТони Андрески, Петар Серафимоски
 8.Млади нутриционистиМарија Ристеска

 

Екскурзии

Ученичките екскурзии се таков облик на воспитно-образовна работа преку кој учениците:

-се запознаваат со предметите и појавите во нивната природна средина и во нивните животни услови;

-ги прошируваат своите знаења, добиваат сознанија за одделни подрачја од животот и работата на луѓето;

-се запознаваат со природните убавини и со културно-историските знаменитости на поблиската и пошироката заедница;

Преку екскурзиите меѓу другото се формира позитивен однос кон природата и човековата околина, се зацврстува здравјето на учениците, што придонесува за нивниот правилен раст и развој, а се даваат широки можности и за социјализација на младата личност и за развивање позитивен однос кон трудот воопшто.

Во текот на оваа учебна година согласно Календарот за работа училиштето ќе организира:

  • две еднодневни ескурзии, есенска и пролетна, комбинирани со елементи на наставните и на екскурзиите со општ образовен карактер, на некои места во околината, кои имаат пошироко воспитно-образовно значење;
  • една повеќедневна ескурзија со општ воспитно-образовен карактер; Повеќедневната ескурзија ќе се реализира со ученици од втора и трета година (од незавршните години) согласно Правилникот, доколку постои интерес од учениците и нивните родители за организирање на истата и ќе се изведе на подолга релација, во траење од неколку дена.

Натпревари

Ученичките натпревари се облик на активности преку кои еден ученик или група ученици се трудат да постигнат подобри воспитно-образовни резултати. Натпреварите имаат значајна улога во развојот на личноста на ученикот. Преку нив се поттикнува и развива интересот на учениците кон одредена активност, па на тој начин се воспоставува активен однос кон наставата и вреднувањето на постигнатите резултати

Поаѓајќи од постигнатите резултати и вербата во потенцијалите на нашите ученици, се планира нашите ученици да земат активно учество, како и досега, на престојните гастро натпревари (во организација на GATUS, АEHT, BAHA и др., во нашата држава и пошироко во регионот), како и на разни спортски натпревари, литературни конкурси, МАССУМ и др. натпревари што ќе се организираат на локално, национално и меѓународно ниво.

Отворени денови на училиштето

Во периодот од март до јуни 2024 година ќе се одржат отворени денови на центарот, кога ќе се изврши презентација на центарот пред учениците од основните училишта од градот и регионот. Во текот на отворените денови ќе се овозможи посета на Центарот од страна на родители-старатели и деца кои треба да бидат ученици во центарот, за да се запознаат со центарот, образовните квалификации, кадарот и друго. Во реализацијата на отворените денови на центарот активно учество ќе земат поголем дел од наставниот кадар и учениците од сите години и квалификации, при што ќе ги презентираат стекнатите знаења и вештини од областа на готварското и слаткарското работење, барменството и фламбирањето јадења, пречекувањето гости, изработка на POWER POINT презентација, флаери, плакати и др..

Во истиот период ќе се изврши презентација на центарот пред учениците од основните училишта во градот и пошироко во регионот: Струга, Ресен, Кичево, Дебар, Прилеп, Битола, Кавадарци, Неготино и др..