ВОНРЕДНИ

Вонредни ученици се лица кои образованието го стекнуваат со самообразование, по пат на полагање на испити за одреден план и програма во средното училиште. Во нашето училиште се верифицирани три степени на образование: III, IV и V степен.

УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

Како вонреден ученик може да се запише лице кое исполнува еден од следните услови:

• да е постар од 17 години;

• да е на боледување подолг период;

• да е во работен однос;

• во други случаи утврдени со статутот на средното училиште.

ПОЛАГАЊЕ ИСПИТИ

Полагањето на испитите за вонредните ученици се организира во 10 испитни сесии за вонредните ученици и тоа во следните месеци: септември, октомври, ноември, декември, февруари, март, април, мај, јуни, август. Кандидатите во текот на една сесија можат да пријават и полагаат максимум по 3 предмети. Додека не завршат со полагање од една наставна година не можат да пријават и полагаат од друга наставна година. На почетокот на секој месец кога се полагаат вонредни испити се објавува распоред за полагање на вонредните испити кој ќе биде истакнат на огласна табла и објавен на веб-страницата на училиштето. Пријавувањето се врши најмалку 5 дена пред отпочнувањето на полагањето на испитите. Пријавувањето на испитите се врши во административната служба во училиштето по претходно извршена уплата за предметите и административна такса, со пополнување на молба и записници за испитите кои кандидатот планира да ги полага.

Контакт со лице одговорно за Вонредни ученици: Фарук Дилавери