ДОДАТНА
Додатна настава се организира за учениците кои постигнуваат значителни резултати по одделни наставни предмети.
Додатна настава ќе се реализира со цел учениците да ги продлабочат знаењата од одредена област по претходно изготвена програма, која ќе се проширува и продлабочува по иницијатива на учениците.
При реализирањето на додатната настава ќе се применуваат современи наставни методи, средства и помагала, со цел да се поттикне креативноста на самите ученици. Улогата на професорот во додатната настава ќе биде претежно менторска и консултативна.
Додатната настава наставникот е должен да им ја понуди на учениците, а учениците одлучуваат дали ќе ја посетуваат додатната настава.
Секој предметен наставник кој ќе реализира додатна настава, е должен да изработи план за реализација на додатната настава по својот наставен предмет, во дневникот на паралелката да ги евидентира одржаните часови од додатната настава и да го евидентира присуството на учениците.
Училиштето најдоцна до 20 септември во тековната учебна година ќе истакне распоред за додатна настава за секој наставен предмет, на видно место во училиштето и истиот ќе биде доставен до ДПИ.