УЧЕНИЧКИ ДОМ

Во склоп на Училиштето се наоѓа и Ученички дом кој располага со:

  • 42 трикреветни соби секоја со посебно купатило
  • ресторан со сопствена кујна во која се нудат 3 оброци дневно

Сместувањето и исхраната за ученците во домот е бесплатно, с`е е покриено од страна на Министерството за образование и наука.

КОНКУРС – за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2017/2018 година.

Учениците кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот www.konkursi.mon.gov.mk.

Рокот за електронското пријавување на учениците кои се запишани во II, III, IV година почнува од 26.6.2017 година и трае до 2.7.2017 година.

Рокот за електронското пријавување на учениците кои се запишани во I-ва година почнува од 3.7.2017 година и трае до 9.7.2017 година.

Учениците, кои имаат поднесена електоронска апликација комплетната документација ја доставуваат од 3.7.2017 година до 14.7.2017 година во Министерство за образование и наука, согласно добиениот термин  за поднесување на документи,  добиен од Министерството.

Второ пријавување:
Рокот за електронското пријавување на учениците започнува од 28.7.2017 година и трае до 4.8.2017 година.

Рокот за доставување документи во МОН започнува од 7.8.2017 и трае до 11.8.2017 година.

Учениците, кои ќе бидат примени за сместување и исхрана во дом, сами ќе ги подмируваат трошоците за превоз од-до постојаното место на живеење.

Вселувањето на примените ученици во Ученичкиот Дом започнува од 31 август 2017 година по 12 часот.