ДОПОЛНИТЕЛНА

Во текот на целата година училиштето ќе реализира дополнителна настава по сите предмети, за учениците кои поради некоја причина заостанале во совладувањето на наставниот материјал преку редовната настава.

Дополнителна настава ќе се организира за ученици кои покажуваат континуирано слаби резултати во учењето, а особено ако:

-имаат најмалку две слаби оценки;

-имаат слаби резултати по одреден наставен предмет;

-отсуствуваат од наставата по одреден наставен предмет; и

-на барање на ученикот или неговиот родител, односно старател.

Ученикот упатен на дополнителна настава во текот на еден месец посетува дополнителна настава најмногу по два наставни предмети, со најмногу четири наставни часови по наставен предмет. Реализираните содржини од дополнителната настава ќе се евидентираат во дневникот за работа во првата паралелка, по години според степенот на образование. Секој предметен наставник е должен да изработи план за реализација на дополнителната настава по својот наставен предмет, во дневникот на паралелката да ги евидентира одржаните часови од дополнителната настава и да го евидентира присуството на учениците.

Дополнителната настава ќе се изведува преку работа во група, пар или преку индивидуална форма на работа. Училиштето најдоцна до 20 септември во тековната учебна година ќе истакне распоред за дополнителна настава за секој наставен предмет, на видно место во училиштето и истиот ќе биде доставен до ДПИ.

За наставникот, кој неоправдано нема да ја реализира дополнителната настава, ќе се поведе постапка за дисциплински престап.