Содржини програмирани од училиштето

Согласно Концепцијата за модернизација на техничкото обрaзование, донесена со решение на министерот за образование и наука број 24-730/1 од 02.12.2016 година, во структурата на наставните планови за техничкото образование, покрај општото образование, стручното образование, практичното образование и обука (практична настава и учење преку работа) застапено е и подрачјето содржини програмирани од училиштето (во понатамошниот текст: СПУ).

Неговата функција е да ги задоволи пошироките потреби на учениците коишто можат да изберат да изучуваат и други содржини надвор од содржините планирани во задолжителните и изборните програми.

Тие, исто така, можат преку овие содржини да се вклучат во активности кои ги организира локалната заедница или да соработуваат со соодветните социјални партнери со цел дополнително да ги развиваат клучните и стручните компетенции за подобро да се вклучат на пазарот на трудот и подобро да ја планираат сопствената кариера.

Целите на програмите од подрачјето содржини програмирани од центарот се да им се излезе во пресрет на учениците од техничкото образование за:

  • стекнување, проширување и продлабочување на своите знаења, вештини и компетенции во струката/секторот;
  • задоволување на индивидуални образовни и останати потреби;
  • соработка со локалната заедница;
  • соработка со социјални партнери од соодветна дејност;
  • стекнување менаџерски и водечки вештини во функција на подобрување на стручните компетенции;
  • стекнување знаења и вештини за работа во мултикултурна/мултиетничка средина;
  • самопроценка на вештини, способности, лични интереси и планирање на сопствената кариера;
  • одржлив развој и заштита на животната средина.

Одобрената програма од ЦСОО од подрачјето содржини програмирани од училиштето во центарот може да се реализира до пет учебни години.

Центарот формира група од ученици кои изјавиле интерес за следење на програмата. Секој ученик кој пројавил интерес за следење на програмата, задолжително потпишува изјава за согласност за следење на програмата со која се обврзува на задолжително следење на часовите.

Времето и местото на реализација го договараат наставникот и учениците.

Рб

Наставен предмет/подрачје

Година на изучување

 

Назив на образовен профил

 

Опфатени

паралелки

 

Број на часови неделно/

годишно за

реализација на програмaта

1.

Светското наследство во рацете на младите

прва

 

 

угостителски техничар,  угостителски техничар за рурален туризам, хотелско-туристички техничар, хотелско ресторански техничар 4 (четврто) ниво

I-3, 4, 5, 6

2/72

2.

Планирање на кариера

втора

II -3, 4, 5, 6

2/72

3.

Храната како дел од културниот идентитет на одделни народи

трета

угостителски техничар,  угостителски техничар за рурален туризам, хотелско-туристички техничар 4 (четврто) ниво

III -3, 4

2/72

4.

Промоција и активна продажба во угостителството и туризмот

четврта

IV-1, 2, 3

2/66