И Н Т Е Р Е Н О Г Л А С за запишување ученци во I година во РЦСОО„Ванчо Питошески“-Охрид во учебната 2023/2024 година
1. БРОЈ НА УЧЕНИЦИ
Во прва година ќе се запишат 𝟮18 ученици во 𝟴 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за:
Угостителско-туристичка струка – 𝟭50 ученици, 𝟲 паралелки
– хотелско – туристички техничар (мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум)
*(соработка со ЕЛИДА ДООЕЛ Охрид,ВИС ПОЈ ДООЕЛ Охрид,АТМ ВОИЈАГЕ ДООЕЛ Охрид,ИНА П КОМПАНИ ДОО Охрид,Сити Палас ДООЕЛ Охрид, хотел Изгрев Фибула ЕР Травел ДООЕЛ Скопје,хотел Инекс Дрим АД Струга,Мистер И-Аледеја Груп ДОО Охрид, Ј & Ф Компани 2019 ДОО Охрид.Сара & Миа ДООЕЛ -хотел Лихнидос Охрид,Чинго ДООЕЛ-хотел Чинго Охрид,2ЕР Хотелс ДОО -хотел СУ Охрид, Тино центар ДООЕЛ-хотел Тино Охрид,ГС ГРОУП ДОО-хотел Нова Ривиера Охрид,хотел Инекс Олгица Охрид, хотел Белведере Охрид,Јас и брат ми 2010 ДООЕЛ-хотел Гарден ОхридДинамика ДООЕЛ-Битола (Хотел МИЛЕНИУМ ПАЛАС-Охрид
– угостителски техничар за рурален туризам (25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум)
*(соработка со Јас и брат ми 2010 ДООЕЛ-хотел Гарден Охрид,ГС ГРОУП ДОО-хотел Нова Ривиера Охрид,Лико Чун ДОО -ресторан Чун Охрид, Тино центар ДООЕЛ-хотел Тино Охрид,хотел Инекс Дрим АД Струга,хотел Изгрев Фибула ЕР Травел ДООЕЛ Скопје,ресторан Мармарис Блумдекорејшн ДОО Струга, Сити Палас ДООЕЛ Охрид, ВерсусБич 09 ДООЕЛ-ресторан Версус Струга,Кај местоно-Мешко ВАСДМ ДООЕЛ Охрид,Градинар АД Охрид,ВИА ДОО-ресторан ВИА ИГНАЦИЈА Вевчани,ДООЕЛ ВЕКС Кутмичевица-ресторан Кутмичевица Вевчани Динамика ДООЕЛ-Битола (Хотел МИЛЕНИУМ ПАЛАС-Охрид
– угостителски техничар (25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум)
*(соработка со компанија, хотел Инекс Дрим АД Струга,Зеро Бет ДОOЕЛ- ресторан Лихнидос Охрид,Јас и брат ми 2010 ДООЕЛ-хотел Гарден Охрид, ГС ГРОУП ДОО-хотел Нова Ривиера Охрид,Градска Плажа ДООЕЛ-хотел Мизо Охрид,Чинго ДООЕЛ-хотел Чинго Охрид,Лико Чун ДОО -ресторан Чун Охрид,2ЕР Хотелс ДОО Охрид-хотел СУ Охрид,Тино центар ДООЕЛ-хотел Тино Охрид,хотел Изгрев Фибула ЕР Травел, ДООЕЛ Скопје,ресторан Мармарис-Блумдекорејшн ДОО Струга,Сити Палас ДООЕЛ Охрид,ВерсусБич 09 ДООЕЛ-ресторан Версус Струга, Кај местоно-Мешко ВАСДМ ДООЕЛ Охрид, хотел Инекс Олгица Охрид, хотел Белведере Охрид,ВИА ДОО-ресторан ВИА ИГНАЦИЈА Вевчани,ДООЕЛ ВЕКС Кутмичевица-ресторан Кутмичевица Вевчани НА ВА ДА ДООЕЛ-ресторан Стационе ОхридДинамика ДООЕЛ-Битола (Хотел МИЛЕНИУМ ПАЛАС-Охрид ИНЕКС ОЛГИЦА-Охрид)
– хотелско ресторански техничар (25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум)
*(соработка со компанија, Лико Чун ДОО Охрид-ресторан Чун,хотел Инекс Дрим АД Струга,хотел Изгрев Фибула ЕР Травел ДООЕЛ Скопје,Сити Палас ДООЕЛ Охрид,Јас и брат ми 2010 ДООЕЛ-хотел Гарден Охрид,ГС ГРОУП ДОО-хотел Нова Ривиера Охрид,Градска Плажа ДООЕЛ-хотел Мизо Охрид,Чинго ДООЕЛ-хотел Чинго Охрид,2ЕР Хотелс ДОО-хотел СУ Охрид, Тино центар ДООЕЛ-хотел Тино Охрид, Мистер И-Аледеја Груп ДОО Охрид, хотел Инекс Олгица Охрид, хотел Белведере Охрид,ВИА ДОО-ресторан ВИА ИГНАЦИЈА ВевчаниДинамика ДООЕЛ-Битола (Хотел МИЛЕНИУМ ПАЛАС-Охрид ИНЕКС ОЛГИЦА-Охрид)
– келнер (25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 30 поени минимум)
*(соработка со компанија, Јас и брат ми 2010 ДООЕЛ-хотел Гарден Охрид,ГС ГРОУП ДОО-хотел Нова Ривиера Охрид, Градска Плажа ДООЕЛ-хотел Мизо Охрид, Чинго ДООЕЛ-хотел Чинго Охрид, Лико Чун ДОО -ресторан Чун Охрид, 2ЕР Хотелс ДОО-хотел СУ Охрид, Тино центар ДООЕЛ-хотел Тино Охрид,Зеро Бет ДОOЕЛ – ресторан Лихнидос Охрид,Мистер И-Аледеја Груп ДОО Охрид, ВерсусБич 09 ДООЕЛ-ресторан Версус Струга, хотел Инекс Дрим АД Струга, хотел Изгрев Фибула ЕР Травел ДООЕЛ Скопје, ресторан Мармарис-Блумдекорејшн ДОО Струга, Хотел Монтенегрин ДООЕЛ Охрид, Сити Палас ДООЕЛ Охрид, Кај местоно-Мешко ВАСДМ ДООЕЛ Охрид, хотел Инекс Олгица Охрид, хотел Белведере Охрид,ВИА ДОО-ресторан ВИА ИГНАЦИЈА Вевчани,ДООЕЛ ВЕКС Кутмичевица-ресторан Кутмичевица Вевчани НА ВА ДА ДООЕЛ-ресторан Стационе Охрид, Динамика ДООЕЛ-Битола (Хотел МИЛЕНИУМ ПАЛАС-Охрид ТД ФИЛИП БЕЛВЕДЕРЕ-Охрид ИНЕКС ОЛГИЦА-Охрид
– готвач/слаткар (25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 30 поени минимум) *(соработка со компанија, Јас и брат ми 2010 ДООЕЛ-хотел Гарден Охрид, ГС ГРОУП ДОО-хотел Нова Ривиера Охрид, Градска Плажа ДООЕЛ-хотел Мизо Охрид, Лико Чун ДОО -ресторан Чун Охрид, 2ЕР Хотелс ДОО -хотел СУ Охрид, Тино центар ДООЕЛ-хотел Тино Охрид, Зеро Бет ДОOЕЛ – ресторан Лихнидос Охрид, ВерсусБич 09 ДООЕЛ-ресторан Версус Струга, хотел Инекс Дрим АД Струга, хотел Изгрев Фибула ЕР Травел ДООЕЛ Скопје, ресторан Мармарис-Блумдекорејшн ДОО Струга, Сити Палас ДООЕЛ Охрид, Кај местоно-Мешко ВАСДМ ДООЕЛ Охрид, хотел Инекс Олгица Охрид, хотел Белведере Охрид, ВИА ДОО-ресторан ВИА ИГНАЦИЈА Вевчани,ДООЕЛ ВЕКС Кутмичевица-ресторан Кутмичевица ВевчаниНА ВА ДА ДООЕЛ-ресторан Стационе ОхридДинамика ДООЕЛ-Битола (Хотел МИЛЕНИУМ ПАЛАС-Охрид ИНЕКС ОЛГИЦА-Охрид
Хемиско-технолошка струка – 𝟲𝟴 ученици, 𝟮 паралелки
–пекар мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум
– месар мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум
2. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ
– да имаат завршено основно образование;
– да не се постари од 17 години;
– да се определиле за план и програма за стручно образование и обука;
− среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
− среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);
− дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
− средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение.
Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во одредено јавно средно училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаења и вештини во соодветното училиште.
Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните средни училиштето нема да биде обезбеден, ако избраниот вид образование (струка или насока) го има во општината, односно регионот.
Во училиштетота каде што се пријавуваат поголем број ученици кои ги исполнуваат предвидените услови од планираниот број предвиден во овој конкурс, се организира квалификациско тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по следните наставни предмети и тоа:
– мајчин јазик и математика.
За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).
За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).
За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие:
– За освоена прва награда или златен медал на меѓународен натпревар 5 поени, втора награда или сребрен медал 4 поени и трета награда или бронзен медал 3 поени.
– За освоено место од државни акредитирани натпревари: за I место – 3 поени, за II место – 2 поени и за III место – 1 поен.
За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение, ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4). Утврдениот минимум број поени за првото пријавување е составен дел на овој Конкурс.
П Р Е Г Л Е Д
на наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумитеза рангирање на успехот на учениците
1 | 2 | 3 | 4 |
Ред.бр. | СТРУКА | Наставни предмети кои се задолжителни | Наставни предмети кои се од значење за струката, односно изборното подрачје |
1. | Угостителско-туристичка | мајчин и странски јазик | биологија,географија |
2. | Хемиско технолошка | мајчин и странски јазик | математика, хемија |
3. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
При пријавувањето, учениците ги поднесат следните документи:
По објавувањето на ранг листатата, учениците кои се на листата ја доставуваат следната документација:
– пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница);
– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
– дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката, насоката, односно изборното подрачје;
– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).
4. КОНКУРСНИ РОКОВИ
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.
Првото пријавување на учениците ќе се врши на 20 јуни до 24.00 часот и на 21 јуни 2023 година до 15:00 часот. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 22 јуни 2023 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот. Доставувањето на потребената документација до училиштетота е на 22 јуни од 12.00 до 19.00 часот и на 23 јуни од 07.00 часот до 19.00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 24 јуни 2023 година, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.
Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштетота за средно образование на 26 јуни 2023 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 26 јуни 2023 година, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.
Второто пријавување на учениците ќе се врши на 27 јуни до 24.00 часот и на 28 јуни 2023 година до 15:00 часот. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 29 јуни 2023 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот. Доставувањето на потребената документација до училиштетота е на 29 јуни од 12.00 до 19.00 часот и на 30 јуни од 07.00 часот до 19.00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2023 година, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.
Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштетота за средно образование на 3 јули 2023 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 3 јули 2023 година, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.
Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштетота во кои има слободни места после јунскиот рок. Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август до 24.00 часот. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 22 август 2023 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот. Доставувањето на потребената документација до училиштетота е на 22 август од 10.00 до 19.00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето ќе се објави на 23 август 2023 година, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.
По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштетота имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.