Известување за вонредните ученици
По препорака на Владата и поради преземените мерки за заштита од корона вирусот, во ОУТУ„Ванчо Питошески”- Охрид во наредниот период полагањето на вонредните кандидати за мартовската, априлската и мајската испитна сесија во 2020 година ќе се реализира преку далечинско учење или учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација. Средствата за електронска комуникација ќе овозможат реализирање на полагање без физичко присуство на кандидатите и членовите на комисиите. Средствата за електронска комуникација можат да бидат сите системи за електронска размена на податоци ( Viber, Мessenger, Skype, e-mail…).
Кандидатите можат да добијат контакти од наставниците/ членови на комисијата за предметот кој се полага, со кои ќе се договорат за начинот и терминот за полагање на телефон 076/765-711. Лице за контакт Фарук Дилавери.
Пријавувањето ќе се одвива електронски. Пополнетата пријава, записник и слика од уплатницата кандидатите ќе ги доставуваат преку VIBER на телефон 076/765-711. Лице за контакт: Фарук Дилавери.
Мартовската сесија: Полагање од 13.04 до 15.04.
Априлска сесија: Пријавување од 23.04 до 27.04. Полагање од 28.04 до 30.04.
Мајска сесија: Пријавување од 05.05 до 07.05. Полагање од 13.05 до 15.05.
Во прилог се следните документи:
Пријава
Записник

