ИНФОРМАЦИИ ЗА ЈУНСКИ УПИСЕН РОК
ИНФОРМАЦИИ ЗА ЈУНСКИ УПИСЕН РОК
– прво електронско пријавување, техничка поддршка и доставување документи –
Првото електронско пријавување на учениците ќе започне од 00:00 часот на 12 јуни до 23:59 часот на 15 јуни 2026 година.
Пријавувањето на учениците ќе се врши електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/#/login
со посебна најава за ученици преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.
Учениците кои не се во можност да се пријават електронски, можат да ја достават потребната документација на:
• 12 јуни 2026 г. од 08:00 ч. до 17:00 ч.
• 15 јуни 2026 г. од 08:00 ч. до 17:00 ч.
во училиштето.
А за учениците кои успешно извршиле електронско пријавување, доставувањето на потребната документација до училиштата е на:
• 16 јуни 2026 година од 08:00 ч. до 19:00 ч.
• 17 јуни 2026 година од 08:00 ч. до 15:00 ч.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
По успешното електронско пријавување, учениците во избраното јавно средно училиште ја доставуваат следната документација:
1. Пријава за запишување (пријавата учениците ја генерираат со печатење на електронската пријава преку системот за е-услуги);
2. Оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
3. Извод од матична книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).
* Проценка за попреченост од системот за проценка на лица со попреченост.
Конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 18 јуни 2026 година, најдоцна до 12:00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
Ве очекуваме!

