Информација за електронски упис на ученици во прва година во средно образование за учебната 2024/2025 година

Информација за електронски упис на ученици во прва година во средно образование за учебната 2024/2025 година
Пријавувањето на учениците ќе се врши преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk
Секој ученик се најавува со сопствена корисничка сметка на schools.mk
Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 20 јуни до 25 јуни 2024година до 15.00 часот
Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 20 и 24 јуни од 07.00 часот до 17.00 часот и на 25 јуни 2024 година од 07.00 до 15.00 часот
Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, училиштето ќе ја објави на 26 јуни 2024 година, најдоцна до 09.00 часот, на јавно место во училиштето
и/или на училишната интернет страница
