Показна вежба која ја увежбуваа учениците и вработените во РЦСОО „Ванчо Питошески“-Охрид

На ден 16.11.2021година својата подготвеност за ефикасна и брза евакуација од училишната зграда според соодветно сценарио на случена елементарна непогода, ја увежбуваа учениците и вработените во РЦСОО „Ванчо Питошески“-Охрид.
На показната вежба учествуваа и соодветни тимови на Територијалната против пожарна единица Охрид, СВР Охрид и Црвен крст Охрид, како и преставници на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.