Храна без отпад- здрави навики од најмала возраст
Во рамките на заедничката соработка меѓу РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид и ОУ „Братство Единство“ – Охрид, на учениците од второ одделение успешно им беше реализирана МИО активност на тема:
„Храна без отпад – здрави навики од најмала возраст“
Активноста беше спроведена од страна на учениците од РЦСОО ,,Ванчо Питошески“-Охрид, Емануела Грижоска, Ивона Илијоска, Бора Калел, Вероника Петровска и Ивона Апостолоска , психологот на училиштето Даница Скрческа и наставниците Ристе Николески и Елена Спировска.
Учениците од ОУ „Братство Единство“ – Охрид, преку визуелни примери, демонстрации и практична работа имаа можност да:
– научат за важноста на здравите навики во исхраната;
– се запознаат со едноставни практики за намалување на отпадот;
– развиваат чувство за одговорност кон храната и околината;
– соработуваат во мешани групи и учат преку заедничка активност.
Работилницата помина во позитивна и мотивирачка атмосфера, а учениците покажаа голем интерес, љубопитност и креативност.
Овие активности придонесуваат кон:
– развивање интеркултурна чувствителност;
– градење навики за здрав живот;
– поттикнување соработка, другарство и заедништво уште од најмала возраст.
Продолжуваме со реализација на планираните МИО активности со цел зајакнување на хуманите, интеркултурните и еколошките вредности кај учениците.
























