Реализација на проектот училишна иницијатива

Реализација на проектот училишна иницијатива

Учениците од РЦСОО„Ванчо Питошески“-Охрид, го реализираа проектот Училишна иницијатива.

Во рамките на овој проект беа реализирани низа активности меѓу кои и хуманитарна акција. Учениците од образовните профили Готвач и Угостителски техничар, приготвија бесплатни оброци за социјално ранливите семејства и со помош на Црвен крст-Охрид истите беа доставени.

Со љубов приготвени, со љубов подарени!