Еразмус+ проектот „Развивање на клучни компетенции во туризмот“ („Developing key competences in Tourism“)-Винковци,Република Хрватска
Во периодот од 22 до 29 јануари 2022 година во Винковци-Република Хрватска, престојуваа ученици и наставници од РЦСОО „Ванчо Питошески“-Охрид во рамките на Еразмус+ проектот „Развивање на клучни компетенции во туризмот“ („Developing key competences in Tourism“).
Тие во „Средното стручно училиште Винковци“ учествуваа во неколку работилници на кои помеѓу останатото беше прикажана поврзаноста помеѓу здравата исхрана и послужувањето на вино. Наставниците заедно со своите колеги од Хрватска беа ангажирани и во наставниот процес.
Исто така имаа прием и кај градоначалникот на Винковци господинот Иван Босанчиќ.
Во рамките на проектот ги посетија градовите Осијек и Загреб, а беа гости и во средното стручно училиште во Илок и ја посетија една од најстарите и најголемите винарии во Хрватска – „Илочки подруми“, во која им беше презентирано виното кое се пие и на дворот на кралицата Елизабета II.
Учениците остануваат уште две седмици во кои што келнерите и готвачите ќе обавуваат практична настава во ресторанот „Сан“, а хотелско туристичките техничари во хотелот „Славонија“.









