РЦСОО „Ванчо Питошески“ дел од Nurishwell
РЦСОО „Ванчо Питошески“ дел од Nurishwell – затоа што исхраната игра витална улога во поддршка на толеранцијата на третманите и подобра рехабилитација на пациенти со рак
Што е Nurishwell?
Nurishwell е интернационален образовен проект, финансиски поддржан од програмата Erasmus +, кој има за цел да ги подобри и зајакне образованието и практичните вештини од областа на персонализираната исхрана за пациенти оболени од рак, како и за пациентите кои закрепнуваат по третманот.
Главни цели на проектот
• Интензивирање на знаењето околу воспоставувањето режим на исхрана кај пациенти оболени од рак
• Зголемување на вештините на професионалците
• Интердисциплинарна и меѓународна соработка
Проектот е реализиран преку меѓународна партнерска мрежа која ги вклучува:
Institute for Gastroenterological Tumors (IGET), Хрватска – координатор на проектот
Fundació Alícia – Alimentació i Ciència, Шпанија – експерт за кулинарни/гастрономски науки
Prehrambeno-tehnološka škola, Хрватска – партнер за стручно образование
Vancho Pitosheski, Secondary School of Hospitality and Tourism, С. Македонија – партнер за стручно образование

