Активност во рамки на проектот LEADing Forward:

Активност во рамки на проектот LEADing Forward:

Со едукација и емпатија се хранат промени, а со солидарност и труд младите градат силна заедница. 🌱

🍊Ви претставуваме уште една одлична Service Learning приказна токму на тимот Zero Waste Heroes од РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид.

Иницијативата „Оброк + заедничка активност = Храна без отпад за сите“ истовремено се посвети на два предизвици: недостиг на пристап до топол и нутритивен оброк за социјално ранливите категории и големото количество отпад од храна.

Преку волонтерска кујна, едукативни работилници за здрава исхрана и компостирање, како и практична примена на „zero waste“ пристапот, учениците подготвуваа бесплатни топли оброци за социјално ранливи категории, во соработка со Црвениот крст. Остатоците од храната беа компостирани и искористени во училишната градина.♻️

35 талентирани ученици-волонтери заедно учеа, готвеа и споделуваа а нивната приказна подучува како да се подаде рака.🤝

💚 Знаењето стана акција, храната стана грижа а отпадот-ресурс!

Оваа активност се спроведува во рамки на проектот LEADing Forward: зајакнување на капацитетот за одржлив развој.