Работна средба за социјален дијалог
На 28.1.2026 г. со почеток од 12 ч. се одржа работна средба за социјален дијалог, во организација на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ – Охрид, на тема: „ГРАДИМЕ МОСТОВИ – ОБРАЗОВАНИЕ ПРИЛАГОДЕНО НА ПОТРЕБИТЕ НА РЕАЛНИОТ СЕКТОР“.
На конференцијата беа разгледани актуелните состојби на пазарот на трудот во секторот угостителство и туризам со цел усогласување на стручното образование и обука со потребите на пазарот на труд, како и тоа во кој правец треба да се движи развојот на Регионалниот центар според современите европски практики.
Свое присуство забележаа поголемиот дел од компаниите со кои Регионалниот центар е во постојана соработка.
Затоа што социјалниот дијалог е клучот за носење решенија од кои придобивка имаат сите засегнати страни: реалниот сектор, учениците и Регионалниот центар.







