Работилница на тема „Моќта на јајцето во кујната и основни техники“
Во рамките на проектот „Зајакнување на местото на францускиот јазик во земјите од Западен Балкан“, со особено задоволство ја реализиравме работилницата на тема „Моќта на јајцето во кујната и основни техники“, во присуство на ценети гости и колеги.
Голема чест ни претставуваше присуството на професорите Кристоф и Лор од угостителското училиште Lycée Profesionnel Jessé de Forest од Франција кои беа наши гости и активно се вклучија во работата. Со нас беа и професорот Климент Наумов со неколку студенти од Факултетот за туризам од Охрид, како и професорот Васил Талевски и професорката Маринела Радеска.
Во рамки на темата, учесниците ги истражуваа главните функции на јајцето во кулинарството преку практична изработка на солени и слатки коктел-залчиња. Посебен акцент беше ставен на улогата на жолчката и белката, како и на примената на основните техники: сврзување, емулгирање, коагулација со топлина и пенење.
Преку размена на знаења, искуства и професионални практики, уште еднаш потврдивме дека соработката и љубовта кон гастрономијата создаваат вистинска инспирација и квалитет во наставата.
Француски институт во Скопје – Institut français de Skopje











