II ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР „ЛИДЕР НА СТРУКА-2015“

II ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР „ЛИДЕР НА СТРУКА-2015“

Високи успеси на II државен натпревар за избор на најдобар ученик – „Лидер на струка – 2015“ одржан на 27.11. 2015 година во СОУ „Наум Наумовски – Борче“ – Крушево, во организација на Центарот за средно стручно образование и Министерството за образование и наука.На изборот за најдобар ученик од струката учениците се натпреваруваа во теоретски знаења и практични вештини од областа на угостителството и туризмот.

12274681_1709408102630102_7234961397399523193_n
Ученикот Наум Нестороски го освои второто место во рамките на образовниот профил – келнер.

12321119_1709408032630109_7089350427843244297_n
Трето место освои ученичката Наталиа Наумоска којашто се натпреваруваше во рамките на образовниот профил хотелско-туристички техничар.

12313545_1709407972630115_1126791213733965638_n
На натпреварот во рамките на образовниот профил – готвач, ученикот Христијан Илиоски го освои 4 место.
Ментори на учениците беа професорите Блаже Јорданоски и Војо Ангелоски.

11046241_1709408042630108_4284684968710999473_n

Учениците и нивните ментори како претставници на Училиштето уште еднаш покажаа дека високиот пласман и одличните резултати се нивна одлика. Честитки!