ОПШТИНСКИ ТУРНИР ВО ФУТСАЛ – ВТОРО МЕСТО

ОПШТИНСКИ ТУРНИР ВО ФУТСАЛ – ВТОРО МЕСТО

Салата „Климент Колески“ во Охрид беше домаќин на општинскиот турнир во футсал.
12283286_10207981756611489_1492512362_n

Во првото полуфинале играа екипите на охридската гимназија „Свети Климент Охридски“ и ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“. Резултатот заврши 6:2.

12270596_10207981747051250_72533093_n
Втората полуфинална двојка беа тимовите од ОУТУ ,,Ванчо Питошески“ и економистите од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, а натпреварот заврши со резултат 1:0 во корист на средното угостителско училиште.

12283220_10207981756451485_700977107_n
Финалниот натпревар кој се одигра помеѓу екипите на ОСУ „Свети Климент Охридски“ и ОУТУ „Ванчо Питошески“ заврши со 1:0.

екипа-Ванчо-Питошески
Победникот на ова општинско првенство во футсал ќе игра на регионалните натпревари во Тетово на 10 декември 2015 и се стекнува со право на учество на Гимназијадата 2015 во Куманово.