ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ГОВОР НА ОМРАЗА

ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ГОВОР НА ОМРАЗА

Членовите на Младинската Организација, Игор Дуноски и Наталиа Наумоска, присуствуваа на „Обука за препознавање на говор на омраза“. 12348056_10206485140586285_7138934462597203088_nЦелта на оваа обука е младите да добијат теоретски и практични знаења: што претставува говор на омраза, криминал од омраза и човекови права, како да се справуваат со говорот на омраза, да ги детектираат случаите и истите ги насочат кон институциите на системот.

12388046_10205526599421484_824428357_nОбуката „Препознавање на говор на омраза” е дел од проектот на Центарот за интеркултурен дијалог и Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Младински Совет Охрид.