ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА СЕКСУАЛНО И РЕПРОДУКТИВНО ЗДРАВЈЕ
Во соработка со Министерството за образование и наука и Министерството за здравство се одржа едукативно предавање на теми од сексуално и репродуктивно здравје.
Предавањето ги опфати учениците од прва година. Предавач беше д-р Јованка Стурлакова-Коровешоска од ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ – Охрид, којашто го одржа предавањето за „Сексуално преносливи инфекции и ХИВ/СИДА“. 
Притоа беше укажано дека во постојан пораст се инфекциите кои се пренесуваат преку сексуален однос, како гонореа, сифилис, ХИВ, кламидија, ХПВ и др. 
На учениците им беше укажано за пренесувањето – трансмисија, најчести знаци – симптоми, што треба да се направи – третман, како да се заштитат и да се спречи – превенција од сексуано преносливи инфекции.
Како препораки и заштита беа изнесени следните заклучоци: Информираност и знаење, советување и посета на лекар, сексуални односи – на време, избегнување на повеќе сексуални партнери, комуникација со партнерот – искреност и доверба, тестирање за СПБ – за една или повеќе инфекции, правилно користење на кондом и превентивни вакцини.
Едукацијата беше изведена преку електронска презентација со визуелни помагала со што учениците беа вклучени во позиција на активни и интерактивни слушатели.
На крајот од работилницата беше извршена евалуација за презентацијата, а на учесниците им беше доделен и едукативен материјал. Учениците и понатаму ќе продолжат да се едуцираат на теми за здраво живеење во текот на учебната година.

