МАССУМ – ОБРАЗОВНО РАНДЕВУ 2017
Учество на манифестацијата „Образовно рандеву 2017“ во Скопје на учениците преку свој штанд на саемот за образование во холот и дворот на училиштето со кој го освоија второто место и ја презентираа работата, образовните профили, наствата, наградите, успесите, а исто така имаа можност преку натпревари, работилници, талент шоу и модна ревија да ги прикажат сите свои способности и да го претстават училиштето во најдобро светло.
Учествуваа 34 ученици во 11 различни категории под менторство на своите професори и координаторот-ментор проф. Перчо Божиновски покажувајќи ги своите знаења, умеења и вештини.
На натпреварите учениците постигнаа високи резултати заземајќи различни места и пласирајќи се од 2 до 44 место во конкуренција на 64 средни училишта, во одделните категории: штанд, драмска претстава

, модна креација и ревија, поетска творба, веб-страница, интервју за работа,
маркетинг план, јавен говор, серва, баскет и пинг-понг.
Училиштето и во иднина ќе продолжи да учествува на вакви манифестации и натпревари.

