Истанбул – Турција

Истанбул – Турција

Во период од 09-16 Февруари 2019 год. во Истанбул, Турција се одржа обука на тема „Online classrooms for European Schools“ на која присуствиваа професорите Анита Богдановска, Марија Ристеска и Никола Илијев. Преку оваа обука која е дел од проектот “Learning from the best ” кој е подржан од Националната Агенција за европски програми и мобилност нашите професори се стекнаа со знаења и вештини од е-учење.

Оваа обука имаше за цел да ги запознае  учесниците со примената на ИКТ алатките  во наставните програми.  Учесниците научија како да креираат  online курсеви , да поставувуваат видеа поврзани со наставата, да креираат тестови . На бројните практични вежби покрај стекнатите знаења од темата е-учење професорите се стекнаа и со персонални вештини како работа во тим , создавање контакти и комуникациски вештини.