„ФЕСТИВАЛ НА ХРАНА И КУЛТУРА“ ВО КРУШЕВО
На 27 и 28 Септември 2019година во Крушево се одржа TasteKrusevo Food and Cultural Festival, фестивал на храна и култура. Покрај промоцијата на традиционалната Крушевска храна се одржаа и натпревари во повеќе дисциплини.
ОУТУ„Ванчо Питошески“-Охрид зеде учество во две категории и тоа:
- штанд на тема „Храна и култура на поднебјето од каде учесниците доаѓаат“ и
- подготовка на видео за црквата „Св.Никола“ од Крушево
Учениците од ОУТУ„Ванчо Питошески“ Димитар Дуноски од IIгодина-угостителски техничар и Ерол Брзев IIгодина -угостителски техничар, под менторство на Марија Ристеска професор по стручни предмети и Анита Богданоска професор по Германски јазик, припремија штанд преку кои го претставија Охрид-културата по која е препознатлив и храната. Воедно подготвија и видео презентација за Охрид со силна моќна порака „Да го сочуваме Охрид да остане на мапата на Унеско“.За Одличната видео презентација и штанд учениците се закитија со златен медал.
Ученикот Дарко Соколески ученик од II година угостителски-техничар изработи видео за црквата Св Никола од Крушево.Во текот на изработката на видеото ученикот ги користеше знаењата и вештините стекнати на обука за филм и режија KREF, а во стручниот дел на текстот, фотографиите и валидноста на податоците беше под менторство на Марија Ристеска и Анита Богданоска како и професор Григор А.Жура. Видеото беше оценето од страна на стручно жири како најдобро во техничкиот како и во информативниот дел и освои златен медал.
На натпреварот учество зедоа повеќе училишта од земјата и странство.

