„ГАСТРОМАК 2019“

„ГАСТРОМАК 2019“

На домашен терен од 10 до 14 Октомври, на Гастромак 2019, претставници од ОУТУ„Ванчо Питошески“ постигнаа забележителен резултат. За подготвување на паста заработија сребро, а се закитија со бронза за специјалитет од риба. Плакета добија за подготовка на пилешко месо, информира задоволно Блаже Јорданоски професор по Готварство, кој ги предводеше на Гастромак Охрид.

„Последниот натпревар покажува дека сме тука во трендовите кои се во моментот популарни. Се трудиме да направиме јадења кои се несекојдневни, да учествуваме и да освоиме медалји ако е можно“, додава Јорданоски за успехот постигнат на Гастромак.