Важна информација за класните раководители на IV година и за наставниците- ментори кај кои учениците имаат пријавено проектна задача како дел од државната матура и завршниот испит четврт степен

Важна информација за класните раководители на IV година и за наставниците- ментори кај кои учениците имаат пријавено проектна задача како дел од државната матура и завршниот испит четврт степен

Класните раководители ги информираат учениците да ги достават проектните задачи до менторите по електронски пат најдоцна до 03.04.2020 година.

Менторите примените проектни задачи наредниот ден да ги испратат на училишниот е-маил:pitoseski@yahoo.com и на членовите на комисијата за спроведување на проверката на знаењата во однос на проектната задача.

Презентацијата и одбраната на проектната задача ќе се организира и реализира во роковите утврдени со Календарот за организација на учебната 2019/2020 година во јавните средни училишта (“Службен весник на Република Северна Македонија” број 156/2019)

Презентацијата и одбраната на проектната задача ќе се врши со примена на средствата за електронска комуникација (конференциска – групна видео врска со користење на skype, viber facebook messenger, zoom и друго), а ја организира претседателот на комисијата во координација со останатите членови најдоцна до 22.04.2020 година.

Претседателот на комисијата по завршувањето на одбраната на проектната задача на службениот е-маил на училиштето е должен да достави список со податоци за кандидатите кои полагале, освоени бодови и добиена оценка.

Претседателот на Училишната матурска комисија резултатите од полагањето на проектната задача ќе ги објави на официјалната веб страна на ОУТУ „ Ванчо Питошески“ – Охрид.