Известување

Известување

Министерството за образование и наука Ве известува дека наставната година во средните училишта за ученици од завршните години во средното образование ќе заврши на 19 мај 2020 год преку далечинско учење ,односно учење од дома,со примена на средствата за електронска комуникација.

Врз основа на горенаведеното предметните наставници коишто изведуваат настава во завршните години заклучно со 19.05.2020 год потребно е во дневниците за работа на паралелките и Е-Дневникот да ги евидентираат наставните содржини ,како и оценките од севкупниот успех на учениците од второто полугодие од учебната 2019/2020 и далечинско учење односно учење од дома.

Раководителите на паралелките потребно е да го пресметаат општиот успех, да го оценат поведението, да ги регулираат изостаноците на учениците од својата паралелка како и да ја пополнат педагошката евиденција и документација