5 Мај – Ден на македонскиот јазик
Македонскиот јазик е еден од клучните кодови на нашата посебност и самобитност, темел на македонскиот идентитет. Горди сме што денеска, кога го празнуваме Денот на македонскиот јазик, 5-ти Mај, можеме да кажеме дека го сочувавме аманетот на нашите предци.
Македонскиот јазик е реалност, признаен од целиот свет, впишан во картата на јазиците и во нашата карта во Обединетите Нации. На овој ден во 1945 година, азбуката на македонскиот јазик е усвоена како официјално писмо, а денес, нашиот, македонски јазик е признаен и потврден.
Да живее македонскиот јазик, да живее нашата татковина.

