Известување

Известување

Почитувани ученици и родители/старатели на учениците

 

Како и секоја година во овој период училиштето според наставниот план и спецификите на локалната средина им нуди на учениците од втора година од образовните профили угостителски техничар, угостителски техничар за рурален туризам и хотелско-туристички техничар изборни предмети кои ќе се изучуваат во учебната 2020/2021 кои ќе се изучуваат во трета, а некои од нив и во четврта година.

Од добро познатите причини предизивикани со пандемијата предизвикана од вирусот covid 19, оваа година анкетирањето на учениците ќе се изврши по електронски пат.

За таа цел стручната служба во училиштето изготви посебен анкетен лист кој по електронски пат ќе го достави до секој ученик од втора година на образование од горенаведените образовни профили.

Секој ученик е должен да го пополни анкетниот лист по претходна консултација со својот родител/старател.

Секој ученик е должен да го испрати пополнетиот анкетен лист до училиштето најдоцна до 22 мај 2020 година на следниот начин:

  • до психологот на училиштето Даница Скрческа на следната емаил адреса: skrceskadanica@yahoo.com
  • или да се сподели на messenger од психологот

Училиштето ќе организира настава за оние изборни наставни предмети за кои учениците ќе изразат најголем интерес, водејќи притоа сметка и за кадровските и другите можности на училиштето.