24 Мај, ден на сесловенските просветители „Св.Кирил и Методиј“

24 Мај, ден на сесловенските просветители „Св.Кирил и Методиј“

Денеска се празнуваат Св. Кирил и Методиј,творците на првата словенска азбука-глаголицата и основачите на Македонската литература.

Св.Кирил и Методиј Солунски се родени браќа од Солун, од угледно и богато семејство, татко Лав и мајка Марија. Познати се како солунските браќа просветители, кои имаат голема улога во словенската историја. Нивното дело ги описмени словенските народи.

Светлата трага на светите браќа е културолошка вредност на словенската цивилизација, нејзините придонеси во културно-образовната иднина и промовирањето на изворот на европската и светска историја.

Нека ни е честит 24 Мај, денот на светите браќа Кирил и Методиј.