Пријава за упис во прва година за учебната 2020/2021 година
👉 Пријавите за упис во прва година за учебната 2020/2021 година од денес се достапни за преземање од веб страната на Министерството за образование и наука. Истите може да ги преземете на следниот линк
📎 http://mon.gov.mk/…/%D0%9F%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0…
Доставување само на комплетни документи и тоа:
1) пријава за запишување која задолжително претходно треба да биде пополнета
2) оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
3) дипломи, (доколку имате) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки,
математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
4) извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето)
🕖 Дојдете подготвени на 16 и 17 јуни 2020 година од 07:00 часот до 19:00 часот.

